Шардоне Смолник 2013
Суво бело вино
            	Година: 2013
				Регион: Тиквеш, Македонија
				Сорта: 100% Шардоне
				Алкохол: 13,6vol%
				Годишно производство: 10000 шишиња
			
			        	Боја: Зелено - жолта
						Ароми: Нагласени ароми на цитрусно овошје, праска и тропски овошја.
						Вкус: Богат вкус на ананас, праска и цитрусни овошја. Долготраен завршеток.
						Шеќери (g/l): 1
						Киселост (g/l): 4,4
			      	
						Винификација: Ферментацијата на сокот од грозје се преработува во резервоари со капацитет од 5 тона и контролирана температура. Овозможен краток контакт со пулпа за поголема екстракција на саканите ароматични соединенија. Виното е зреено со квасец (sur lie) два месеци.
						Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години.
			      	
На 10-12C со пита од риба, едноставни јадења од лосос (зготвени или со путер сос), пилешко или свинско месо, тестенини во крем сос, Цезар салата
				        	Лозје: 15 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина – место наречено Смолник. Површината на плантажата е со густина од 4500 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
							Берба: Средина на септември 2013. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg.
			      		

