Приказна
ТРАДИЦИЈА ОБНОВЕНА ВО 2001
Попов Винарија е престижна фамилијарна винарија лоцирана во Сопот, во срцето на најпознатиот вински регион во Македонија и Балканот, Тиквешкиот вински регион.
Создадена е во 2001 со капацитет од 150,000 литри и 17 ha лозје. Во текот на изминатите години вложено е во подобрување на технолошкиот процес за обработка на грозјето и во зголемување на капацитетот, но исто така и во комплетирање и надградба на човечките ресурси.
40 ХЕКТАРИ ЛОЗЈЕ
Денес винаријата има во сопственост 40 хектари со нејзините внимателно одбрани и негувани лозја каде што грозјето зрее во идеални услови.
Висококвалитетните вина произведени од Попов Винарија ја претставуваат комбинацијата на модерната технологија и знаење со традиционални методи кои се користат со векови во Тиквешкиот регион.
КАПАЦИТЕТ ОД 300,000 ЛИТРИ
Вината имаат совршен баланс на овошни и цветни ароми кои се карактеристика на нивните сорти и поднебјето. Годишното ниво на производство од помеѓу 150.000 и 200.000 шишиња овозможува одржливост на строга контрола на квалитетот во сите етапи на процесот.
Во иднинa Попов Винарија планира да го одржува и подобрува квалитетот на секоја капка на вино.