Шардоне Барел Ферментед 2012
Суво бело вино
Година: 2012
Регион: Тиквеш, Македонија
Сорта: 100% Шардоне
Алкохол: 14,5vol%
Годишно производство: 2500 шишиња
Боја: Светло жолта
Ароми: Доминантно присуство на ванила на веќе силниот вкус на праска и цитрусни овошја.
Вкус: Мазно и кремасто во устата со вкусови на ванила, кандирани овошја и цитрусни овошја..
Шеќери (g/l): 3
Киселост (g/l): 4,4
Винификација: Ферментацијата на сокот од грозје се преработува во нови барики со капацитет од 225L, а по малолактичката ферментација виното зрее уште 12 месеци во барики со sur lie методот. Виното е зреено со квасец (sur lie) два месеци.
Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години
На 12-14C со префинети богати јадења од риба, телешко месо на скара со печурки, Чеда сирење, паштета од патка и сите јадења богати со умами.
Лозје: 15 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина – место наречено Смолник. Површината на плантажата е со густина од 4500 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
Берба: Средина на септември 2012. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg.
BRONZE MEDAL 2014 - Chardonnay du Monde